Кршењето на дисплејот наскоро би можело да стане минато, бидејќи научници од Универзитетот во Сасекс создадоа евтин еластичен екран од сребро и графен – материјал од слој јаглен тенок колку еден атом.
Овој спој е доста флексибилен, така што на телефонот не би му требало заштитно стакло.
– Сегашните дисплеи се од индиум-калиум оксид (ИТО), односно мешавина од индиум, калиум и кислород во различен сооднос. Овој материјал е прилично кршлив, па мора да се нанесе на цврста и тврда стаклена површина. Тој слој пука ако го испуштите телефонот на тврда површина или пак, случајно седнете на него. Со нашиот изум, тврдата стаклена површина нема да биде потребна оти слојот од сребрени наночестички и графен е доста флексибилен, изјави раководителот на истражувачкиот проект, Метју Ларџ.