Научете како да ги оживеете ѕидовите на вашиот дом

Од:

За да го освежите вашиот животен простор, доволно е да ги освежите ѕидовите. Тие често се со најголема површина во ентериерот и многу влијаат на вкупното доживување на просторот, па од изборот на вистинските бои, материјалот и мотивот на ѕидовите ќе зависи колку ефектно ќе го оживеете просторот.

Како да ги анимирате ѕидовите

Постојат голем број различни техники при изведувањето на молерската работа – од декоративни материјали со ефект на свила, кои со својата убавина предизвикуваат особена сензација при допирање преку специјални рустикални, антички ефекти кои потсетуваат на декорации на градски куќи од периодот на ренесансата, до материјали кои во својата структура имаат ситни метални опилки (сребрени или златни) кои создаваат ненадминат декоративен ефект.

Изработката на ѕидовите не значи дека мораме да ги боиме или на нив да лепиме тапети – со цел нивна анимација се почесто се прибегнува кон обложување на ѕидовите со различни материјали. Природниот камен во последно време е многу застапен во ентериерското решавање на деловите од ѕидовите или столбовите кои сакаме да ги акцентираме. Исто така, дрвените ѕидни облоги можат да се продолжат со вградени и скриени плакари и полици, а со пластични премази на ѕидовите можеме да ја направиме саканата форма.

zzid1

Триумфалното враќање на тапетите

– Тапетите во последните неколку годни доживуваат вистински come back во декорацијата на ѕидовите, истакнува архитектот, Дина Миниќ. Во рамките на тоа, изборот станува се побогат – од рустични, свилени па до оние од 3Д ефекти на пластицифирана хартија. Нивната голема предност е полесно одржување на самиот ѕид, долготрајна заштита од нечистотија и релативно едноставна замена. Над се, тапетите обезбедуваат економичност, исплатливост, а многу силен декоративен резултат.

– Треба притоа да се биде многу внимателен при изборот на дизајнот и уште поважно количеството тапети кои во еден простор ги поставуваме, предупреди Дивна Миниќ.

Замки во изборот на боја за ѕидовите

Со темен ѕид можеме да го продолжиме просторот, додека таванот во простории каде подолго и почесто се престојува како трпезарија или дневна соба, би требало да бидат бели. Врежаното мислење дека темните бои го намалуваат просторот често е погрешно. Со темните бои можат да се добие длабочина и чувство на поголем простор.

zzid2

– Боите на ѕидовите треба да се бираат во однос на мобилијарот на секој ентериер. Многу темниот мебел во еден простор секако ќе бара посветлите бои на ѕидовите. Треба да се биде внимателен при изборот на силни основни бои – црвена, сина и жолта, кои често после извесно време почнуваат да го иритираат корисникот. Со користењето на земјени, пастелни бои за ѕидовите сигурно нема да погрешите. Можеби просторот ќе ви изгледа здодевен, но  престојот во него сигурно ќе биде пријатен, објаснува Миниќ.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска