Како што пренесуваат холивудските медиуми, филмското студио „Fox Searchlight“, е во преговори со прекрасната актерка Натали Портман, поради тоа што сакаат, токму таа да ја глуми починатата прва дама во драмата „Џеки“.
Сценариото на филмот го раскажува животот на Џеки Кенеди по атентатот на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на САД, Џон Фицџералд Кенеди, во Далас, 1963-та година.
Неофицијално, сценариото многу и се допаднало на актерката, но сепак ќе почека додека се најде соодветен режисер.