Кирил Џајковски ќе настапи со диџеј сет вечер во Дојран на петтото издание на „Д фестивал“, заедно со американската артистика ТК Вондер.
Тие доаѓаат во Дојран веднаш по нивниот настап на еден од најреномираните европски фестивали, шпанскиот „Круила Барселона“ каде што настапуваат и Лорен Хил, Емели Санде, Франц Фердинанд, Кендрик Ламар, Алое Блек и тн.
На главната бина на втората фестивалска вечер ќе настапи и култниот битолски состав „Фолтин“.
Утре на програмата е настапот на солунскиот бенд „Баилдса“, кој својата регионална кариера ја започна токму со првото издание на овој фестивал.