„ХТЦ“ имаше значително присуство на мобилниот конгрес, но тоа беше фокусирано главно врз очилата за виртуелна реалност во серијата „Вајв“, иако посетителите можеа да ги разгледаат и актуелните телефони на компанијата.
Но, Тајванците работат на новиот предводник паметен телефон, а според новите гласини, неговата премиера ќе биде во април. Информации од корисникот на „Твитер“ „@LlabTooFeR“, кој е добро запознаен со плановите на „ХТЦ“ и стои зад популарната серија РОМ-ови „MаксимусХД“, открива дека тајното име на телефонот е „Имеџин“ и споделува дел од техничките карактеристики. Тој вели дека уредот ќе користи Снапдрагон 845 чипсет и ќе обезбеди до 6ГБ РАМ и 256ГБ вградена меморија.
Очекуваме уште 5,99-инчен екран со резолуција КвадХД + (сооднос 18: 9), водоотпорност (ИП68), втората генерација на технологијата со сензори за притисок во страничната рамка „Еџ Сенс“, функција за отклучување преку препознавање на лицето и батерија со капацитет 3.420 милиампер часови.
Телефонот ќе работи со Андроид 8.0 и ќе вклучува интерфејс „Сенс 10“, а освен тоа ќе обезбеди целосна поддршка за технологијата „Требл“ со посебни партиции во меморијата за инсталирање на системските ажурирања без никакво чекање.
Смартфонот ќе обезбеди уште двојна главна камера со 12МП и 16МП сензори (на „Сони“ од серијата „ИMX3xx“) 8МП предна камера и варијанти со една и со две СИМ картички.
Се претпоставува дека уредот ќе го задржи дизајнот од „У11 +“ со метална рамка и стаклен заден панел.