Наскоро „Убунту“ за мобилни телефони

Од:

Софтверската компанија „Каноникал“ објави дека оперативниот систем „Убунту“ за мобилни телефони ќе биде достапен за преземање од 21 февруари, за ограничен број корисници.

Пред официјалното појавување „Убунту“ ќе биде на располагање на мал број корисници, одосно ќе биде достапен за преземање само на корисните на Самсунг Галакси Нексус и Ел-Џи Нексус 4.

Сепак, компанијата претходно објави дека оперативниот систем ќе биде компатибилен со сите Андорид уреди, но за тоа ќе треба да се почека до неговото официјално претставување.

„Каноникал“ истакнува дека уредот не е наменет како замена за Андорид „Jelly Bean“ или која било друга верзија на Андроид. Според компанијата главната цел на мобилниот оперативен систем „Убунти“ се програмери и ентузијасти, кои сакаат да се вклучат во развојот на резервни апликации.

Сепак, тоа не значи дека оперативниот систем е лош или нестабилен, туку едноставно дека се уште е во развој. Како и за секој ОС и за „Убунту“ ќе биде потребно време да биде целосно совршен, со што ќе биде еднакво интересен за нормалните луѓе, како и за програмерите.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска