Мисијата што ќе тестира различни методи за чистење на вселената од смет е подготвена за лансирање.
Вселенскиот брод RemoveDebris ќе се обиде да исфрли мал сателит со мрежа и да тестира дали е тоа ефективна метода за собирање смет во вселената.
Сондата е направена во Англија, и ќе биде подготвена за лансирање во почетокот на идната година, јави Би-Би-Си.
Научници предупредуваат на се поголем проблем со вселенскиот отпад што загрозува вселенски летала и астронаути. Проценките се дека има околу 500 илјади парчиња смет што кружат околу Земјата, од огромни нецелосни сателити до потрошени ракети и нивни делови.