Наскоро „ЈотаФон“ со два екрани

Од:

Руската компанија „Јота“ почнува со производство на телефон со два екрани за заштеда на енергија, кој се очекува годинава да се најде во продажба.

Главна цел на дополнителниот екран е заштеда на батеријата. Сликата од предниот екран може едностано да се пренесе на е-инк екран на задниот дел или да се користат посебни апликации за истиот.

„ЈотаФон“ има екран со големина од 4,3 инчи, двојадрен процесор од 1,5 гигахерци, 2 ГБ работна меморија и 32/64 ГБ меморија за чување податоци. Телефонот работи на Андроид оперативен систем.

Предниот екран на телефонот може нормално да се користи, а кога батеријата ќе дојде до резерва, е-инк екранот ги преземе поголемиот дел од функциите. Екранот на задниот дел може да се користи е особено практичен кога се читаат долги текстови.

Дополнителниот екран се користи на два начини. Првиот начин е пренесување на сликата од предниот на задниот екран, а вториот начин е со специјална апликации за е-инк екранот тој да се користи како РРС читач, аларм, Твитер и др.

Компанијата „Јота Дивајс“ со производство на телефонот ќе почне во сингапурската компанија Хи-П, а дополнително ќе вработи лица кои ќе бидат задолжени за продажба и маркетинг на американскиот и азискиот пазар. „Јота“ планира на програмерите да им дозволи можност сами да направат компактибилен софтвер, обајви порталот „Цнет“.

Телефонот најпрво ќе се најде на рускиот пазар, а до крајот на годината и во остатокот на светот.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска