Една калифорниска компанија тврди дека ги има сите услови за да направи лифт со кој ќе можат да се испраќаат луѓе и роботи на Месечината. Тој треба да овозможи најефтин пристап до сателитот преку користење на гумен кабел.
Но, за да се случи тоа потребно е прво да се изгради двакилометарска конструкција што ќе ги поврзува Месечината и вселенската станица.
„Liftport Group“ веќе преку донатароски сајт собираат 8.000 долари потребни да се направи првиот чекор, пловечка платформа која би ги однела роботите два километри во небото. Истовремено, платформата би служела како место од кое ќе се пренуесува безжичен интернет, следење на временската состојба и пожарите на Земјата.
Мајкл Лејн, основачот на „Liftport Group“ претходно работел во НАСА, но си дал оставка за да може да работи на овој проект.
„Идејата е да ja направиме технологијата за изградбата на лифтот, но и ракетите што ќе се лансираат во иднина, едноставна како Спутник“, изјави Лејн.
Базата на лифтот треба да биде на Месечината, додека на Земјата би постоел посебен „остров“ среде окенаот, кој ќе послужи како терминал.
Лејн вели дека со малку среќа, овој концепт ќе се имплементира за само осум години.
Компанијата има неколку цели, а најамбициозната е да се соберат три милиони долари, што ќе им овозможат да ја спороведат едногодишната истражувачка студија за одржливоста на лифтот.