Скопје годинава ќе биде координатор на сите настани во Европа во рамките на најголемиот интернационален хакатон во светот „Space Apps Challenge 2015″ во организација на Американската вселенска агенција НАСА.
Хакатонот по трет пат се организира во Скопје, а првпат во уште три македонски градови Битола, Охрид и Тетово. Минатата година, тим од Македонија го освои второто место на овој светски познат натпревар.
На овој настан учесниците од целиот свет ќе имаат можност да соработуваат и заеднички да креираат решенија за поставените предизвици во областа поврзана со животот на Земјата и воопшто во вселената.
На натпреварот младите иноватори ќе имаат временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од НАСА. Учесниците ќе имаат можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултети, а во работата ќе им помагаат претставници на компаниите и од ИТ индустријата.
Секој може да учествува во настанот и да го сподели своето искуство, знаење и вештини во тимот. Учесниците ќе имаат пристап до материјали кои ќе бидат приложени директно од NASA. Заинтересираните може да се пријават за настанот со клик на (https://docs.google.com/