NASA Space App Challenge – експлозија на креативни соработки

Од:

Македонија како една од 83 локации во светот, каде викендов се одржува најголемиот hackathon настан во светот според бројот на пријавени учесници, NASA Space App Challenge е одбрана заради тоа што е умствено силна и може да се носи рано до рамо со која било земја, порача министерот за информатичко општество Иво Ивановски на отворањето на настанот.

Настанот, чија цел е решавање предизвици за изнаоѓање корисни open-source решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и вселената, ќе се одвива истовремено во 83 градoви во светот и ќе трае непрекинато 36 часа, а во Македонија тој се случува во Seavus едукативниот и развоен центар.

„Еден таков пример се учениците од Сеавус едукативниот центар. Тие секојдневно заеднички решаваат предизвици, ги поместуваат личните граници, креираат нови апликации и се толку креативни што не би верувале што се можат да направат. Една наша цел по завршувањето на учебната година е да ги направиме нивните проекти отворени и јавно достапни за сите и се надеваме дека истите ќе инспирираат уште многу истражувачки модули во Македонија и пошироко”, рече Ирена Чаушевска, директор на СЕЦ.

Според неа, кај поголемиот дел од луѓето идеите подолго време лебдат за да се родат дури кога ќе се најдат во ситуација да се спојат со различни луѓе, со различни искуства, со различни предзнаења, од различни возрасни групи па дури и од други континенти.

„Токму можност за вакво нешто имате вие во следните 36 часа. Затоа ве охрабрувам и ви посакувам експлозија на креативни соработки кои ќе ве одведат многу подалеку од вашите креативни замисли во кој било предизвик и дефинитивно многу подалеку од замислата на креаторите на овој настан”, рече Чаушевска.

На дводневниот настан во Скопје на едно место ќе се обединат програмери, инжeнери, научници, студенти, експерти, професори и ентузијасти од Македонија и светот кои групно ќе работат на десетина различни предизвици.

„Ваков натпревар за афирмирање на способностите на нашите најмлади претприемачи, програмери, девелопери со коишто уште еднаш ќе можеме да докажеме дека не е се до квантитет, туку дека е до квалитет. Она што Владата и Министерството за информатичко општество и јавна администрација го имаат направено изминативе години е токму тоа, да докажеме дека Македонија е земја на информатичари и дека покрај тоа што сме мала земја ние сме умствено силна, рамо до рамо со која било друга земја. Токму затоа и НАСА ја селектира Македонија да биде меѓу тие 80 градови којшто денеска паралелно со вас овде ќе се натпреваруваат за најдобрите публикации”, рече министерот Ивановски.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска