Научниците на НАСА открија галаксија која „раѓа“ повеќе ѕвезди во еден ден отколку нашата во една година.
Астрономот Мајкл Мекдоналд, изјави дека галаксијата покрај тоа што создава 740 ѕвезди годишно има уште една чудна карактеристика, стара е околу 6 милијарди години, а толку стари галаксии обично не произведуваат ѕвезди.
Галаксијата, која научниците ја нарекоа „вселенска супермајка“ е оддалечена 5.7 милијарди светлосни години. Се наоѓа во средиштете на неодамна откриениот кластер галаксии, кој е најсјајниот извор на икс-зраци во вселената.