НАСА откри мраз на површината на Меркур

Од:

НАСА соопшти дека на Меркур, планета која е најблску до Сонцето, е откриено присуство на мраз настанат со замрзнување на вода.

Над 20 години дебатираме за тоа дали планетата што е најблиску до Сонцето, на својата темна страна може да содржи мраз, кој настанал со замрзнување на вода. Вселенскиот брод „Месинџер“ конечно ни овозможи непобитни докази за тоа, наведува во официјалното соопштение на НАСА научникот Шон Соломон.

Еден од фасцинантните податоци кои ги објави НАСА, е и тоа што санти мраз се забележани и на делови на кои температуратa е значително повисока во однос на таа што на Земјата е потребна да се одржи мразот во цврста, стабилна форма, објави списанието „Форбс“.

Во деловите над замрзнатата водена маса откриена е темна материја за која научниците сметаат дека претставува комплекс органски молекули, односно дека заедно со мразот на Меркур стигнале со некоја комета што паднала на оваа планета.

Иако, делови на површината на Меркур може да достигнат и до 427 степени Целзиусови, уште од средината на седумдесетите години од минатиот век теоријата за постоење на водата и лед на површината на планетата лебди над научниот свет.

На почетокот на 90-тите години добиени се првите информации кои навестија присуство на мраз на оваа планета, но НАСА сепак тврди дека дури сега располагаат со вистински доверливи информации што го покажуваат тоа.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ