Американската агенција за водушна управа и истражување на вселената – НАСА со цел да ги убеди луѓето дека ќе има 22 декември 2012, објави видео-снимка на Јутјуб, насловена „Зошто не дојде крајот на светот“.
Научниците велат дека гласните на социјалните мрежи и на интернет дека денеска ќе настапи крајот на светот произлегле од неправилното толкување на календарот на Маите, кој завршува на датумот 21 декември 2012.
– Тоа е само крај на еден циклус и почеток на нов. Тоа е исто како 31 декември, календарот не завршува, туку почнува нова година со нов календар од 1 јануари, изјави Дон Јомас, ракодовителот на програмата на НАСА за истражување на вселенски објекти, кои се блиску до Земјата.
Според историјата, објавена на Интернет, големата планета Нибуру се приближува кон Земјата и таа ќе биде причина за апокалипсата,
– Доколку тоа навистина беше така, ние уште одамна ќе ја видевме таа планета, а доколку на некој начин беше невидлива ќе го почувствувавме нејзиното влијание врз соседните планети. Илјадници астрономи, кои постојано го набљудуваат небото ноќе никогаш не ја виделе таа планета, истакна Јоманс.