НАСА лансираше сателити што ќе ги следат климатските промени

Од:

Двата сателита од новата мисија на НАСА за набљудување на климата се речиси подготвени за погон, соопшти Агенцијата, додавајќи дека ласерите се веќе успешно активирани и работат според очекувањата.

Мисијата под наслов „Експериментално следење на гравитациската обнова и климата“ (Gravity Recovery and Climate Experiment Follow-On – ГРАЦЕ-ФО) не е нов проект, само што сега е надграден со два сателита кои содржат современа, попрецизна технологија. Сателитите беа поставени во Земјината Орбита на 22 мај со ракета на Спејс Икс. Нивната задача е да ги следат гравитацијата, нивото на водата на планетава, како и топењето на ледените површини.

Технологијата се разработува веќе една деценија и првпат се практикува во реални услови. Тестирањата ќе траат уште неколку седмици, а потоа следува и официјалниот почеток на мисијата.

Би можело да ве интересира

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Земјата денес е најблиску до Сонцето

А1он

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората