Ослободете се од чувството на тежина во рацете, нозете, зглобовите, дувањето и заморот условени од задржувањето на водата во организмот со помош на природни диуретици кои ги препорачува народната медицина.
Во најделотворните спаѓаат зелениот чај, сокот од брусница или две лажици јаболков оцет помешани во чаша вода. Овој раствор треба да се пие три до четири пати на ден.
Семките од анасонот исто така делуваат моќно, но и намирниците богати со вода. Краставиците кои ја стимулираат работата на бубрезите, како и шпарглите богати со алкалоид аспарагин се вистински избор. Зелената салата го поттикнува метаболизмот и исфрлувањето на токсините, како и доматите, инакку богати со витамини А и C. Во исфрлувањето на токсините помагаат и ротквиците, лукот, ренот, бидејќи го забрзуваат метаболизмот.