Народ сосем отцепен од цивилизацијата

Од:

Во бенгалскиот залив постојат острови кои се нарекуваат Андамани, а на еден од тие острови Северен Сентинел живее народ кој нема никаков контакт со остатокот од светот. Да биде работата уште поинтересна, овој народ не ни сака да има никаква поврзаност со надворешниот свет.

Токму заради тоа што не сакаат да имаат никаква врска со светот, за овие луѓе се знае многу малку. Една од ретките познати работи за нив е тоа што овие луѓе се занимаваат со лов, риболов и собирање на плодови. Нема докази дека користат одредени земјоделски методи,ниту дека го користат огнот.

Јазикот на кој зборуваат овие луѓе не може да се одреди во ниту една позната јазична група, а не е познато ни колку членови брои ова племе. Се претпоставува дека има максимум 500 членови кои живеат на островот со големина од 72 километри квадратни.

Поголемиот дел од островот е прекриен со шума, а западната цивилизација не може да пријде до него за да го истражува заради опасните корални гребени. За време на една од последните експедиции, оние кои пристигнале на островот наишле на 20-40 луѓе, но се претпоставува дека остатокот од луѓето се криеле заради што не може да се утврди нивниот точен број.

Некои од научниците овие луѓе ги ставаат во етничката група Негрито во која спаѓа народ кој живее во изолираните делови на југоисточна Азија. За нив е карактеристичен нискиот раст, темната кожа и изразено кадравата коса. Досега, не е остварен близок контакт со ниту еден жител на островот Сентинел.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ