Наргилето сепак е поштетно од цигарите

Од:

Многумина сметаат дека пушењето наргиле е помалку штетно од конвенционалните цигари, па претпочитаат да веруваат во тоа, со цел – да ја смират својата совест околу уништувањето на своето здравје. Сепак, науката смета дека тоа е само мит.

– Пушењето наргиле е всушност многу поштетно од цигарите, бидејќи количеството чад што се внесува во белите дробови од едно испушено наргиле, е еднакво на 100 цигари, посочува бугарскиот пулмолог, д-р Софија Ангелова во интервју за БТВ.

– Просто, нема нештетно пушење! Што и да се пуши, ние внесуваме токсични материи што можат да доведат до хронични белодробни заболувања, и тоа сериозно да му наштети на пушачот. Апсолутна заблуда е тоа дека водата во наргилињата го филтрира чадот, нагласува натаму докторката.

Натаму, таа појаснува дека белиот дроб се развива до 25-годишна возраст.

– Дишниот систем на 14, 15, 16-годишниците се уште не е целосно развиен. Ако еден млад човек почне да пуши, хроничното заболување е речиси неизбежно, додава таа.

Според неа, самиот пристап до наргилето треба да биде ограничен.

– Имено, родителите треба да мислат на здравјето на своите деца. Информирајте се!, гласи нејзиниот заклучок.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

СЗО им објави „војна“ на електронските цигари

Жарко Настоски

Пушењето значи поголема опасност при зараза со Ковид-19

Македонците се најжестоки пушачи во регионот и Европа и меѓу првите десет во светот