Канадската компанија „БлекБери“ соопшти дека еден од нивните долгогодишни партнери веќе нарачал еден милион БлекБери 10 мобилни телефони.
Ова е најголемата нарачка „по парче“ која компанијата ја добила во својата историја.
„БлекБери“ во јануари ги претстави новите смартфони Z10 и Q10 со нова верзија на платформа, надевајќи се дека овие апарати ќе и помогнат да ја подобри својата разнишана позиција на пазарот.
Оваа голема нарачка, како и веста дека германската Влава планира да го усвои БлекБери Z10, секако е добар знак за канадската компанија која во последните години не успева да фати приклучок со ајФон и Андроид апаратите.