Напуштањето на Фејсбук го намалува нивото на стрес

Од:

Не e мал бројот на луѓе кои размислуваат да го напуштат Фејсбук односно целосно да го избришат својот профил од оваа социјална мрежа, по неодамнешниот скандал со повреда на приватноста на корисниците. Покрај тоа, научниците тврдат дека ваквиот потег може да биде прилично добар кога станува збор за здравјето.

Една неодамнешна студија на Универзитетот во Квинсленд покажа дека напуштањето на Фејсбук за многу кратко време го намалува општото ниво на стрес.

Од вкупно 138 корисници на оваа социјална мрежа вклучени во истражувањето, една половина престанала да користи Фејсбук во рок од пет дена.

Истражувачите кај учесниците во студијата го мереле нивото на хормонот кортизол, познат како хормон на стрес, пред и по експериментот. Врз основа на овие мерења, тие откриле дека нивното ниво на патолошки стрес е намалено.

Сепак, учесниците самите пријавиле кај научниците дека се чувствуваат „помалку добро“ по петдневна неупотреба на Фејсбук, пишува News Hub.

„Луѓето тврдат дека во поголема мера не се чувствуваат задоволни со нивниот живот, како и дека со нетрпение очекуваат да се вратат на своите фејсбук активности“, рекол лидерот на истражувачкиот тим, доктор Ерик Венман.

„Тие сметаа дека во нивниот живот недостасува содржина поради прекинувањето на комуникацијата со нивните фејсбук пријатели“, додал тој.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ