Напредна технологија: Ласери полни со дијаманти

Од:

Австралиски истражувачи развиле оригинален метод за подобрување на квалитетот на високо-квалитетните ласери, при што употребиле дијаманти. Можеби дијамантот е најдобриот пријател на жената, но тој поседува и посебни карактеристики за ширење на топлината.

Според шефот на истражувачкиот тим, д-р Арон Мекеј од Сиднеј, особините кои ги поседуваат дијамантите ги прават многу подобри во производството на високо-квалитетни ласерски зраци отколку другите техники.

– Дијамантите имаат огромен потенцијал да ги направат ласерите да истражуваат подалеку и да го подобрат квалитетот на зраците, а уште поважно да ја подобрат светлината, изјави д-р Арон.

За да се подобри слабиот квалитет на ласерскиот зрак треба да се употреби ласерски конвертор. Но, во конверторските системи ова секогаш води до губење на силата и продукција на топлина. Преку употребата на дијамантите, тимот открил дека по конвертирањето квалитетот на ласерскиот зрак се подобрил за 50 отсто.

Тимот планира уште повеќе да го зголеми ова истражување, вклучувајќи и адаптирање на концептот за комбинирање на повеќе понеквалитетни ласери, кои ќе ги соедини во еден силен ласерски зрак.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска