Лустер од пердуви е вистински додаток за вашиот дом кој ќе внесе топлина и мекост во секој амбиент.
Овој несекојдневен лустер изгледа кадифено и воздушно, а потребно ви е многу малку време и материјал за да се направи.
Потребно ви е:
– Лампион од хартија
– Ленти со бели перја – можете да ги купите во позамантерии.
На овој пример користени се осум ленти, но тоа зависи од големината на вашиот лампион од хартија.
– Топол лепак
– Сијалица и кабел
1. Започнете од дното на хартиениот фенер и поставете ги лентите со перја, така што перјата прекриваат неколку милиметри од отворот. Ќе забележите дека перјата имаат тенденција да се виткаат нагоре или надолу, така што потребно е да се намести да одат нагоре, затоа што светлината тогаш го потенцира мекиот изглед на перјата.
Користете топол лепак за лепење на лентите со перја на хартиениот фенер и одите околу цела лампа до завршниот круг.
2. Сега продолжете со вториот ред. Наредниот ред да биде одвоен од првиот ред најмалку два сантиметри и направте уште еден круг од ленти со перја. Продолжете со овој процес се додека не се покрие долната половина на фенерот.
3. Кога ја покривате горната половина од фенерот, направте редови на перја малку поблиску (околу 1,5 сантиметри од другиот). Ќе забележите празнини во горната половина повеќе отколку во долната половина, па користите повеќе редови на врвот.
4. Кога ќе стигнете до врвот, порамнете ја лентата со перјата со работ на вашиот лампион од хартија.
5. Се што треба да направите е да инсталирате сијалица и го да закачите својот лустер да виси.
Овој лустер изгледа толку лесно, што секогаш ќе мислите дека лета или плови околу куќата кога не го гледате.