Декорирајте ја вашата бања со мал килим од каменчиња. Овој тепих изгледа многу убаво, а на вашата бања ќе и донесе природен изглед, додека на вашите стапала ќе им пружи вистинско уживање.
Од каменчињата можете да направите и други интересни додатоци кои ќе ја украсат вашата бања.
За малиот килим ви е потребно: лепак, стар теписон, каменчиња, скалпел.
Теписонот исечете го со скалпел, според димензиите кои и одговараат на вашата бања. Со лепак премачкајте го централниот дел на килимот, а потоа лепакот намачкајте го кон надворешните рабови на теписонот.
Каменчињата редете ги од средината кон надворешните рабови. Вашиот последен ред каменчиња ќе биде во рамна линија, за да добиете добар и дефиниран облик.
Оставете го килимот, да стои цел ден за да добро се исуши, а потоа уживајте во благодетите на каменчињата.