Напитоци што не треба да се пијат при дехидратација

Од:

Во летните периоди често може да се дехидрира, посебно кога температурите „соборуваат светски рекорди“. Поради тоа е важно да се внесува доволно течности, но – не било што.

Еве кои напитоци треба да се избегнувате при телесна дехидратација:

1. Енергетски пијалаци

Без разлика дали трчате или не, т.н. „спортски пијалаци” изгледаат примамливо кога сте изложени на сонце. Но, тие се наменети за спортисти, кои губат електролит – натриум и калиум. Ним, но не и на останатите, им треба повеќе енергија, калории и јаглехидрати.

2. Вештачки сокови

Стручни лица тврдат дека како газираните сокови, така и фабричките негазирани сокови, па и џусот со парчиња овошје, се штетни. Сите тие содржат одредено количество на шеќери, вештачки засладувачи и конзерванси.

3. Витаминизирана вода

Доколку водата ја пиете со малку повеќе витамин, може и да претерате. Витаминската вода содржи и шеќери, чие количество може да биде дури и еднакво со она во газиран сок.

4. Леден чај

Ледениот чај е вкусен и вистински освежувачки напиток за летните горештини. Но, чаевите во шишиња, исто така, содржат големи количества шеќер, дури и оние „диеталните“. Тука се секако и вештачките засладувачи.

Познавачите сепак, признаваат дека од горенаведениот избор, ледениот чај е најмалото зло, бидејќи содржи многу антиоксиданси.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска