Нападнати се сметките на околу 50 милиони корисници на „Фејсбук“

Од:

Од социјалната мрежа „Фејсбук“ соопштија дека речиси 50 милиони нивни корисници биле изложени на безбедносен пропуст.

Компанијата соопшти дека напаѓачи успеале да ја искористат ранливоста позната како „View As” за да се здобијат со контрола на сметките на луѓето.

Прекршокот беше откриен во вторникот, објави „Фејсбук“ и додадоа дека веднаш ја информирале и полицијата.

Корисниците кои потенцијално биле засегнати, добиле известување за повторно да се логираат, а сето тоа како што велат од компанијата се случувало во петокот.

Проблемот е веднаш решен, напиша шефот за безбедност на компанијата, Гај Росен.

„Бидејќи ние само што започнавме истрага, допрва треба да утврдиме дали овие сметки се злоупотребувани или има пристап до какви било информации. Исто така, не знаеме кој стои зад овие напади или каде се наоѓаат”, посочи тој.

Росен додаде дека „приватноста и сигурноста на луѓето е неверојатно важна“, потенцирајќи дека жалат затоа што се случило ова.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он