Во интервју за „Аркитекчр дајџест“, Наоми Кемпбел ги отвори вратите на своето луксузнно, но мирно засолниште во источна Африка, поточно во Кенија…
Посетата на местото Малинди во Кенија ја маѓепсала Кемпбел – една од најпознатите супермоделки од 1990-тите. Кон крајот на минатиот век, таа доминираше на пистите за „Шанел“, „Вивиан“, „Вествуд“ и „Версаче“, а потоа купи огромна вила во малиот приморски град, која ѝ служи како одморалиште повеќе од 20 години. Крај вилата, тиркизен базен полн солена вода се наоѓа на самата сончева тераса, веднаш во дневната соба.
– Тоа е многу смирувачко место. На пр., не ви треба телефон тука… Ниту пак, телевизија. Тука само сакате да читате и да бидете сами со себе. Убаво е да се ужива во тишината, вели таа.
Голем дел од дрвениот мебел во куќата е направен во Малинди.
– Всушност, порано имавме работилница на задниот дел од куќата. А, и Сенегал има неверојатен мебел. Секојпат кога сум таму, купувам по некое парче мебел, додава британската манекенка.
Усвоената работна етика, вели модната кралица, е тоа што ѝ овозможило да има феноменална 35-годишна кариера како модел, но и како глумица.