Рибари од една јужно кинеска покраина, извлекоа со својата мрежа од морето примерок на Porsche Cayenne.
Кога групата кинески рибари од регионот на Гуангкси Жуанг во неделата на 9 декември ги подигнале своите мрежи, во нив наместо богат улов на риба најдоа SUV на Poresche.
За сега не се знае кому припаѓал овој автомобил и како се нашол на дното на морето, а искусните локални рибари врз основа на неговата состојба мислат дека возилото било под вода околу две години.
Porsche Cayenne, кој нов примерок во Кина чини повеќе од еден милион јуани (120.000 евра), подоцна бил продаден на сопственикот на локалниот авто-отпад за 4.000 јуани (480 евра), така што ни рибарите не останаа со празни раце.