На јужниот атлански остров Света Елена, најстарото копнено животно на светот, сејшелската желка Џонатан, го прослави својот 190-ти роденден.
Иако нема податоци за неговото раѓање, се верува дека Џонатан е роден околу 1832 година. Тој беше донесен во Света Елена од Сејшелите во 1882 година како подарок на Сер Вилијам Греј-Вилсон, кој подоцна стана гувернер, но Џонатан всушност може да има 200 години, вели Мет Џошуа, шеф за туризам на Света Елена.
Според Гинисовата книга на рекорди, Џонатан е и најстариот член на овој вид досега.
Претходно, најстара беше Туи Малила, желка која живеела најмалку 188 години. Туи Малила почина во 1965 година.
На Света Елена, Џонатан е нешто како славна личност. Ова постаро животно живее со уште три џиновски желки Дејвид, Ема и Фред.
Иако Џонатан е слеп и нема сетило за мирис поради годините, неговиот слух е одличен. Според Гинисовата книга на рекорди, тој добро реагира на звукот на гласот на неговиот ветеринар.