Најскапата куќа во Европа – изградена за љубовницата на Леополд Втори

Од:

Најскапата куќа во Европа се наоѓа на француската ривиера, близу Ница. Вилата на Леополд е изградена 1902 година, за љубовницата на белгискиот крал Леополд Втори, Бланш Зели Жозефин Делакроа.

По смртта на кралот во 1909 Бланш била исфрлена од вилата, а таму се вселил неговиот внук – кралот Алберт Први.

Низ годините, сопствениците на вилата се менувале, а од 1987 година таа е во посед на банкарот Едмонд Сафра и неговата сопруга Лили.

По неговата смрт, вдовицата добила понуда којашто не се одбива: 370 милиони евра за куќата и дополнителни 19,5 милиони за мебелот.

Заинтересираниот бил рускиот олигарх Михаил Прохоров, кој сепак се обиде да ги повлече понудата и дадениот депозит од 39 милиони евра по финансиската криза во 2008 година. Меѓутоа, судскиот спор заврши во полза на вдовицата.

Имотот се простира на скоро осум хектари површина. Има 14 спални соби, спортски терени, мини-кино, неколку кујни, ресторан, како и неколку базени.

Во Втората светска војна, вилата е користена како воена болница, а подоцна и за снимање на филмот на Хичкок – „Фатете го крадецот”.

Денес куќата се проценува на 360 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска