За девојчињата се верува дека од мали ја замислуваат својата совршена свадба, и обично тоа е инспирирано од нивната омилена бајка.
Едно од тие девојчиња, го исполни својот сон и на бајките им даде сосема поинакво значење на нејзиниот свадбен прием.
Откако се вериле покрај замокот на Заспаната убавица во Дизниленд, Тај Џунман и Ешли Идема, знаеле дека не постои подобар начин за прослава на нивната венчавка од прием со Дизни тематика.
Невестата, со своите импресивни „Направи сам“ вештини, креирала различни централни украси за масите, инспирирани од цртаните филмови на Дизни.
На невестинската маса, го постави закомот на Заспаната убавица, а другите гости уживале во декорации инспирирани од пепелашка, Златокоса и Малата сирена.