Во недела во 19 часот најмногу се дебелееме, тврди ново истражување. Стручњаците докажаа дека тоа е времето кога јадеме „храна за утеха“, која не е добра за нашата витка линија, но е благотворна за душата.
Речиси 50 отсто од луѓето кои учествувале во анкетата потврдиле дека во недела меѓу 19 и 22 часот тешко и одолеваат на масната и слатка храна. Вкупно 28 отсто од испитаниците рекле дека за нив времето во кое се препуштаат на конзумирањето висококалорична храна почнува порано, односно од 15 до 17 часот.
Овие откритија доаѓаат по обемното истражување, кое утврди дека за време на викенд тешко можеме да и кажеме „не“ на храната која дебелее, а најголем виновник за тоа е стресот кој ни е предизвикан од работата.
Но не е само неделата проблематична. Истражувањето утврдило дека и во понеделник сме склони на јадење „грицки“. Повеќето од испитаниците рекле дека тоа им помага да ја надминат депресијата поради враќањето на работа по слободниот викенд.
Повеќето испитаници, исто така, одговориле дека јадат во вечерните часови и дека тешко се контролираат за време на вечера. Седумдесет отсто од нив признале дека по лошиот ден на работа се частат со слатки.