Светската продажба на таблети оваа година би требало да изнесува околу 170-180 милиони продадени апарати, пишува „Дигитајмс“. Седум инчните модели ќе бидат поголем дел од продадените апарати, односно над 60 отсто.
Доколку се оствари предвидената бројка, тоа ќе биде раст од околу 50 милиони, имајќи ги предвид проценките за 2012 година кога се продадени околу 130 милиони парчиња.
Испораката на девет инчните модели е зголемена за 35 отсто, на 73,4 милиони лани, додека бројот на продадените седум инчни модели речиси двојно се зголемил и изнесувал 41,4 милиони.
Што се однесува до производителите, „Самсунг“ двојно ќе ја зголеми испораката на таблети во 2013 година, а предвидувањата се дека овој производител ќе испорача над 30 милиони апарати во текот на оваа година.
Кај седум инчните модели ќе доминира Андроидот, додека најголем дел од девет инчните модели продадени годинава ќе бидат оние на iOS.