Според Гинисовата книга на рекорди, најмалото куче на светот живее во Порторико, а станува збор за кафената чивава Чудесната Мили висока само 9,65 сантиметри.
Мили е стара две години, тежи околу половина килограм и позната е по тоа што често го плази јазикот кога ја фотографираат. „Знае да позира”, ја коментира нејзината навика сопственичка Ванеса Семлер.
Песот Miracle Milly така го симна од првото место досега најмалиот пес долговлакнестата чивава Бу-Бу од американската држава Кентаки, кој е висок 10,16 сантиметри.
Guinness World Records има и категорија за најкусиот пес и во неа, исто така, рекордот и’ припаѓа на една чивава по име Хевен Сент Бренди од Флорида, која е долга само 15,24 сантиметри.
Семлер вели дека Мили можела да застане во супена лажица кога се окотила, а устата и’ била толку малечка што не можела да цица, туку сопственичката ја хранела со млеко со помош на пипета за капки за очи. Сега, пак, обожава да јаде лосос и пилешко и јаде четири пати на ден./