Поголемиот дел од светската популација (60-85 отсто) не е доволно физички активен, што се одразува на неговото здравје, порачуваат од Светската кардиолошка федерација.
Десет најчести штетни здравствени навики на жените:
1. Високи потпетици – Тие влијаат на држењето, вршат притисок на зглобовите, а можат да предизвикаат и голем број здравствени проблеми, вклучувајќи артритис, болки во грбот и повреда на тетивите.
2. Претешка чанта – Многу жени секојдневно на рамениците носат по неколку килограми товар. Дури и грбот да не ги заболе веднаш, тие долгорочно го загрозуваат своето здравје. На тој начин може да дојде до сериозни проблеми со грбот и вратот.
3. Спиење со шминка – Доколку се остави шминката на лице во текот на ноќта, покрај нечистотијата и маснотиите кои природно се наталожуваат на кожата во текот на денот, порите брзо ќе се затворат. Спиењето со маскара и шминка на очите може да предизвика иритација на очите, крвави очи и инфекција.
4. „Натпреварување“ со мажите во пиење алкохол – Жените не само што природно имаат помалку килограми од мажите, туку имаат и помалку телесни течности за разградување на алкохолот, што значи и дека побрзо би се опијаниле.
5. Погрешна големина на градник – Се смета дека повеќе од 70 отсто од жените носат погрешна големина на градник. Тоа не влијае само на изгледот на облеката, туку и на појава на голем број здравствени проблеми, вклучувајќи болки во грбот, вратот и градите, потешко дишење, лошо држење, надразнетост, проблеми со циркулацијата и воспаленија.
6. Грижи поради иднината и жал за пропуштените можности – Стресот е штетен за физичкото и менталното здравје, а жените се двапати повеќе под стрес во однос на мажите. Исто така, жените почесто се сретнуваат со депресија и анксиозност. Грижата за иднината и жалењето за пропуштените шанси можат да го зголемат стресот.
7. Опседнатост со изгледот – Иако двата пола „страдаат“ од несигурност поврзана со сопствениот физички изглед, повеќето жени се опседнати со идејата за „совршена фигура“. Едно истражување покажало дека 16 отсто жени со нормална тежина и оние кои всушност имаат помалку килограми од потребното сметаат дека се дебели.
8. Емоционално прејадување – Истражувањата покажуваат дека мажите најверојатно позитивните емоции ги поврзуваат со храна, додека жените главно јадат кога се тажни. Всушност, тие тогаш имаат потреба за слатка и висококалорична храна.
9. Недостаток на сон – Не само што поради недостаток на сон жените се гладни, туку се чувствуваат и лошо. Поради тоа доаѓа до зголемено трошење на калории, што може да резултира и со болести на срцето. Недостатокот на сон, исто така, влијае и врз крвниот притисок и расположението.
10. Самите себе на последно место – Жените, поради другите луѓе, своите желби и потреби ги ставаат на дно на листата на обврски. Барем еднаш неделно треба да се одвои малку време за нешто што ве опушта и ви дава сила.