Apple официјално ги претстави своите нови паметни телефони, кои се нарекуваат iPhone Xs, Xs Max и Xr. Компанијата се погрижи да понуди голем број хардверски подобрувања. Моделите го користат 7-нанометарскиот процесор Apple A12 кој е побрз од неговиот претходник, но исто така троши помалку енергија.
iPhone Xs и Xs Max се исто така првите паметни телефони на Apple, кои имаат вградена меморија од 512GB. Новата серија, исто така, има многу нови функции поврзани со софтверот, батеријата и камерите.
Еве некои од најважните работи што треба да ги знаете за долгоочекуваната нова генерација на iPhone:
iPhone Xs
iPhone Xs има 5,8-инчен Super Retina дисплеј со резолуција од 2436×1125 пиксели со густина од 458ppi. Соодносот на контраст е 1.000.000: 1. Оптималниот квалитет на видеото е гарантиран со Dolby Vision и HDR10 технологијата. Паметниот телефон поддржува нов Face ID систем, кој е попрецизен, побрз и посигурен. Високите перформанси се загарантирани од првиот 7-нанометарски A12 Bionic процесор на Apple.
Се работи за шест-јадрена Fusion архитектура која работи со модифициран четири-јадрен графички чип. Компанијата ветува 50 отсто поголема брзина. Apple A12 Bionic, исто така, користи Neural Engine единица за обработка на податоци, кој изведува 5 трилиони операции во секунда.
iPhone Xs е опремен со 12MP широкоаголен f / 1.8 објектив, кој е надополнет со 12MP телефото сензор со оптичка стабилизација на сликата и 2x оптички зум. Во предниот дел има камера TrueDepth со резолуција од 7MP и f / 2.2 бленда, која е двојно побрза од претходната генерација на iPhone.
Траењето на батеријата кај iPhone Xs е за 30 минути подолго наспроти iPhone X, а кај iPhone Xs Max – за час и половина повеќе.
iPhone Xs Max
Најголемиот од трите модели е опремен со импресивен 6,5-инчен Super Retina ОLED екран кој поддржува резолуција од 2688х1242 при густина на пикселите од 458ppi. Ова е најголемиот екран понуден од iPhone досега, а iPhone Xs Max исто работи со првиот 7-nm процесор на Apple.
Импресивниот дисплеј и A12 Bionic чипот го прават iPhone Xs Max оптимално решение за апликации, игри, мултимедија и филмови со Full HD квалитет.
iPhone Xs Max ја има истaтa двојна телефото и широкоаголна 12MP камера како iPhone Xs, а главната разлика меѓу нив е големината на екранот.
iPhone Хr
Новиот „евтин“ предлог на Apple има елегантно алуминиумско куќиште и 6.1-инчен Liquid Retina дисплеј, кој речиси ја отстранува рамката и поддржува резолуција од 1792х828 пиксели. Големата разлика помеѓу iPhone Xr и другите два премиум модели е тоа што има LCD дисплеј, наместо OLED.
Паметниот телефон поддржува Face ID и го има истиот Apple A12 Bionic процесор како iPhone Xs и Xs Max. Камерата е 12MP со оптичка стабилизација на сликата и блиц True Tone. Компанијата ветува час и половина повеќе време за работа секојдневно во однос на iPhone 8 Plus.
iPhone Xr ќе биде достапен во шест бои и конфигурации со 64GB / 128GB / 256GB меморија. Пред-нарачките започнуваат на 19 октомври, а реалните продажби се на 26 октомври. Основната верзија ќе чини 749 долари.
Другите два паметни телефони исто така ќе бидат достапни со 512GB меморија. Најевтината верзија на iPhone Xs ќе се продава за 999 долари, додека iPhone Xs Max ќе биде достапен за 1099 долари.