Најинтересни факти за технологијата

Од:

Постојат многу интересни факти за технологијата, кои луѓето веројатно не ги знаат. Овие се некои од нив:

– Во просек, секоја секунда на еBay се вршат трансакции во вредност од 680 долари.

– Дури 91 отсто од возрасната популација го чува својот мобилен на дофат секој час и секој ден.

– Секоја минута, 100 часови видеа се прикачуваат на ЈуТјуб од различни корисници.

– Првото лого на Епл беше со Исак Њутн како седи под дрво, од кое паѓа јаболко.

– Еден просечен корисник на компјутер трепка седум пати во минута, додека вообичаено тоа треба да биде 20 пати.

– Првиот видео плеер, изработен во 1956 година, имаше големина колку едно пијано.

– Првиот аларм можеше да ѕвони само во четири часот наутро.

– На радиото му требаа 38 години за да достигне 50 милиони слушатели, додека на телевизијата значително помалку, 13 години.

– Оние кои беа фотографирани со првиот фотоапарат морале да седат мирни осум часа.

– Генерално, луѓето читаат за 10 отсто побавно од екран отколку од хартија.

– Дури 86 проценти од луѓето се обидуваат да приклучат УСБ наопаку.

– Од 2008 година досега, видео игрите се повеќе продавани од ДВД-та.

– Првиот домеин www.symbolics.com беше регистриран на 15 март 1985 година.

– Деведесет отсто од текстуалните пораки се читаат во првите три минути од примањето.

– Првиот персонален компјутер беше создаден од Berkeley Enterprises. Неговото име беше „Сајмон“ и се продал по цена од 300 долари во 1950 година.

– Првиот „глушец“(маус) го измисли Даглас Енгелбарт во 1963 година. Се состоел од цврст дрвен оклоп со две метални тркалца.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска