Најголемопт мурал во светот веројатно се наоѓа во Норвешка

Од:

Француските уметници Ела и Питер го насликале, како што тврдат, најголемиот мурал во светот – слика со површина од 21.000 метри квадратни и со неа го отвориле 15. фестивал на улична уметност Нуарт во Норвешка.

Наречен „Лилит и Олаф“, муралот во Клеп  е насликан на покривите на високити згради и може да да се види само од воздух.

Станува збор за мал портрет на норвешкот крал Олаф Први покрај кого се гледа огромната Лилит облечена во шорцеви и маица без ракави.

Како што е соопштено од страна на електронските медиуми, не е можно да се утврди дали муралот навистина е најголем на светот, но е поголем од проектот Пуебло Ливи во Колорадо кој во 1997 година Гинисовата книга на рекорди  го прогласи за најголем мурал на отворено со површина од 16.554,8 метри квадратни.

Француската уметничка двојка е позната по сликите на заспаните џинови на покривите во Португалија, Канада, Чиле, Италија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска