Најголемите македонски заводници во Женскиот град во Скопје Сити Мол

Од:

По повод Меѓународниот ден на жената 8 Март трговскиот центар Скопје Сити Мол создаде посебен град, посветен од денеска  ќе им овозможи на дамите широка понуда на козметика, експертски панел дискусии на актуелни и секојдневни теми, како и здравствени совети и совети од областа на модата.

Советувањата и дискусиите на теми од женското секојдневие ќе ги водат истакнати професионалци и експерти, а панелите ќе бидат од отворен тип. Во забавниот дел, ќе има многу изненадувања.

Во Женскиот Град за денеска е предвидено жените да дознаат кој е начинот за да се остане вечно млад со помош на плазмо лифтинг технологијата, но и како од својата коса да направат уметност со Сенер Агушевски.

Активностите продолжуваат на 6-ти Март кога свое излагање ќе имаат од  Здружението Борка на тема превенција на ракот на дојка, Цеце Динева од Диет Клуб, д-р Љупчо Карески, а за крај ќе се разговара за модата со светски познатиот моделар Изет Цури од Меѓународниот институт за мода.

На 7-ми март, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на првата панел дискусија на тема матични клетки, во соработка со БиМек. Денот ќе продолжи со дискусии на тема гинекологија, здрава исхрана, спортски активности и уметноста на шминкањето.

Осми Март е последен ден на Женскиот град, и е посветен на убавината. Ќе се разговара за тајните на користење на врвна спортска технологија при спортување, како и стручни совети за балансирана исхрана.

Сите активности ќе се оддржуваат во периодот од 12:00 до 22:00 часот.

Забавниот дел започнува уште вечерва, со гостувањето на Влатко Стефановски во 18:00 часот. Во петок во 13:00 часот, Женскиот град ќе го посетат дел од ракометарите на РК Вардар, Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов.

За викендот Скопје Сити Мол најавува посебни изненадувања.

Сите посетители ќе имаат ексклузивна можност за зачленување во Женскиот Клуб на Скопје Сити Мол, во кој сите членови би добивале интересни бенефиции и можности за забава и дружење.

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Орце Костов

„Држава што не постапува е држава што силува“ – протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената

Жарко Настоски

Спасовски: Горд сум што има повеќе жени во полицијата и во командните структури

Жарко Настоски