Со Оскар наградениот анимиран филм за немирното рипче „Барајќи го Немо“ ќе добие свое продолжение.
Во ноември 2015 во кината ќе можеме да го видиме цртаниот филм „Барајќи ја Дори“, откри ТВ-водителката Елен ДеЏенерис, која во 2003 година го позајми својот глас токму на оваа зборлеста и пријателски расположена, но со куса меморија сина танг риба.
Во компанијата „Дизни пиксер“ во моментов се окупирани со креирањето на ново продолжение од филмот „Приказна за играчките“, а де Џенерис на Инстаграм и Фејсбук вчера го објави постерот од „Барајќи ја Дори“.
Таа вели дека овој момент долго го чекала, но дека не е лута поради тоа.
– Вредеше. Сценариото е фантастично и го содржи сето она што го сакав и во првиот цртан филм. Приказната е топла и многу смешна, а најдобар дел е тоа што Дори се појавува многу повеќе, изјави таа.
„Потрагата по Немо“ во 2003 година го освои Оскарот за најдобар анимиран филм.