Во ноември минатата година, Xiaomi го најави Redmi Note 3, што на компанијата беше прв смартфон со сензор за отисок на прст и куќиште од метал. Сега кинеската компанија најави поинаква верзија на овој телефон, со неколку подобрувања.
Новиот модел од стариот се разликува во два детали. Прво, новиот Xiaomi Redmi Note 3 има Qualcomm Snapdragon 650 чип (наместо MediaTek Helio X10 SoC), со 1.8GHz осмојадрен CPU, Adreno 510 GPU, со интегриран 8 LTE и Cat. 7 брзини и поддршка за VoLTE.
Другата измена е камерата на задната страна, која наместо 13 MP сега има 16 MP со f2.0 апертура и автофокус со фазна детекција. Другите спецификации остануваат исти како и на претходниот модел: 5.5 инчен 1080p дисплеј, 2GB RAM на моделот со 16GB простор, односно 3GB RAM за 32GB моделот и 4050mAh батерија.
Цената на Xiaomi Redmi Note 3 телефонот од 16GB изнесува околу 150 долари, додека цената на 32GB верзија ќе биде објавена подоцна. Не е прецизирано дали новиот Xiaomi Redmi Note 3 ќе биде достапен надвор од Азија.