Наградата „Дијалог меѓу културите“ за поетот Ресул Шабани

Од:

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје денеска на поетот Ресул Шабани ќе му биде врачена наградата „Дијалог меѓу културите“.

Ова признание Ресул Шабани го доби за поетската книга „Подарен сон“ / „Enderr e falur“ објавена на македонски и албански јазик.

На врачувањето на наградата ќе зборуваат акадeмик Матеја Матевски, академик Али Алиу и Веле Смилевски, уредник на Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“, кое го доделува признанието. Стихови од Ресул Шабани ќе читаат артистите Софија Гогова-Врчаковска и Џевад Лимани.

Книгата „Подарен сон“/„Enderr e falur“ од Ресул Шабани на сугестивен начин потврдува дека творештвото на овој истакнат поет има свое важно место во современите книжевни процеси кај нас.

Изданието ги надминува јазичните бариери и овозможува поезијата на Ресул Шабани на автентичен начин да прозвучи со своите естетски стојности на албански и на македонски јазик.”

Ресул Шабани (1944 година) е поет, раскажувач, романсиер и драмски автор. Неговите дела се преведувани на македонски јазик и на повеќе други јазици во светот.

За својот богат и разновиден опус тој е добитник на низа награди меѓу кои и на високото признание, наградата „Книжевно жезло“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Ресул Шабани преведува на македонски од албански и од македонски на албански јазик, давајќи значаен придонес во меѓусебното зближување и запознавање на творештвото на писателите кои создаваат на двата јазика.

Би можело да ве интересира

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он