ВИДЕО: Надал излезе на улица да помага на луѓето погодени од поплавите

Од:

По поплавите во Мајрока, додека другите топ 10 тенисери се борат за титула во Шангај, тенисерот Рафаел Надал им помага на загрозените земејства. Тој нема да ја брани титулата во Кина, поради повреда, која не го спречи да ја покаже неговата хуманост.

Мајорка ја погоди катастрофална и тешка бура, а Надал ја чисти калта и тињата. Покрај тоа, неговата тениска академија е отворена за сите ранливи категории граѓани чии куќи се уништени, објавија шпанските медиуми.

„Тажен ден за Мајорка. Мое длабоко сочуство за семејствата на загинатите и оние кои се погодени од тешките поплави во Сан Лорен. Како што направивме вчера, така и денес, го нудиме комплексот на тениската академија за сите на кои им е потребно сместување“, напиша Надал на социјалните мрежи.

Поддршка понудиле и други негови колеги, меѓу кои е Саша Зверев.

„Секој има слушнато за трагичните настани во Мајорка. Jaс бев таму, прекрасен град и моите молитви се со Вас и Надал, се надевам ќе се среди се наскоро“, рече Зверев.

Најмалку девет лица загинаа во поплавите.

Би можело да ве интересира

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Поплави во долината Неретва