За 10 години постоење на сервисот iTunes, компанијата Apple продала повеќе од 25 милијарди песни.
Тоа значи дека од каталогот, кој има повеќе од 26 милиони песни достапни во 119 земји, секоја минута се продавале по околу 15.000 песни.
Бројката веројатно ќе биде и поголема, бидејќи Apple најави дека продавницата iTunes ќе биде достапна на нови 56 пазари до крајот на декември.
Apple минатиот месец соопшти дека од App Store биле симнати повеќе од 40 милијарди апликации.