Европската вселенска агенција (ESA) објави дека открила област на ладен воздух на планетата Венера, кој има просечна температура од 464 Целзиусови степени.
Научниците откриле дека Венера го „крие” ова подрачје со студен воздух, за да температурата на воздухот на 125 километри над планетата се намалува на минус 175 Целзиусови степени, како и дека на обвивката може да се пронајдат парчиња сув мраз составен од јаглерод диоксид.
Од ES соопштуваат, исто така, и дека првпат се среќаваат со студена област, како и дека и на Марс на Земјата постојат слични подрачја. Се истакнува дека мора да бидат извршени уште неколку истражувања, за да се открие улогата ни влијанието на оваа студена област на Венера.