Оваа година имавме можност да видиме разни модели на фармерки, од тие со пластичен материјал на колената па до целосно пластични и проѕирни фармерки.
А сега на ред дојдоа „фармерки што се одвојуваат” т.е. панталони кои лесно се претвораат во шорц.
„Фармерките во два дела” се производ на Опенинг Церемони и Y/Project.
Достапни се во две нијанси, ја следат линијата на телото и се со висок струк кој повторно е во мода.
Поради можноста за одвојување и повторно спојување добија име 2 во 1, а достапни се по цена од 400 евра.