На човекот дневно му требаат не повеќе од 20 минути сончање

Од:

На возрасна личност дневно ѝ требаат 15 – 20 минути сончање без сенка, најмногу, а треба да се почне со пет минути на ден, за посилно здравје, вели Андреј Тјажелников, одговорен специјалист за примарна здравствена заштита за возрасни при Московското министерство за здравство.

– Сонцето придонесува за добивање витамин Д, што е важно за организмот. Затоа е корисно да се биде на Сонце. Главната работа е да не претерувате за да не добиете топлотен удар и да изгорите. На возрасните им требаат 15 – 20 минути престој на Сонце. А, најдобро е тоа да почне со не повеќе од пет минути. А, ако се опуштате при летниот одмор на море, не заборавајте да го минете остатокот од времето во сенка!, изјави Тјажелников.

Рускиот лекар додава дека, при пешачење, треба да се носи летна капа и, по можност, лесна облека.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска