Музичка забава со Салса бенд во „Винтерленд“

Од:

Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.

Во пресрет на новогодишните празници, престојната недела е одлична можност да го посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.

За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.

Програмскиот дел денеска почнува во 18 часот со настап на хорот на СУГС „Панче Караѓозов“ и со улични забавувачи, а од 19:30 до 20 часот ќе се одржи натпревар во изработка на скулптури од дрво.

Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со латино звуците на „Салса бенд“.

ж

Би можело да ве интересира

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец