Музичка забава со „Peppermint“ и „Breakdown“ во „Винтерленд“

Од:

Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“.

Во пресрет на новогодишните празници, денеска е одлична можност да го посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.

За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.

Програмскиот дел денеска почнува во 18 часот со настап на хорот на СУГС „Јосип Броз Тито“ и со улични забавувачи, а од 19:30 до 20 часот ќе се одржи натпревар во изработка на скулптури од дрво.

Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со настапот на музичката група „Breakdown“, а продолжува во 22 часот со настапот на „Peppermint“.

Би можело да ве интересира

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Разбојник со нож при неуспешен грабеж повредил продавачка