Музејот „Титаник“ во Белфаст е најголема европска атракција, Ајфеловата кула симната од тронот

Од:

„Титаник“ во Белфаст е прогласен за најголемата туристичка атракција во Европа. Овој музеј ги симна од тронот досеха неприкосновените Ајфелова кула во Париз и Бакингемската палата во Лондон.

Од своето отворање во 2012 година „Титаник“ привлекол три милиони посетители од повеќе од 145 земји.

Музејот со ова стана прва локација од Северна Ирска што ја добива оваа награда. Тој ја слави историјата на бродоградбата во Белфаст и создавањето на „Титаник“, најпознатиот патнички брод што влезе во легендите.

Музејот се наоѓа на местото каде Титаник исплови на своето прво и последно патување.

-Воодушевени сме што не прогласија за најдобра туристичка атракција во  Европа, изјави извршниот директор на музејот, Тим Хасбандс.

– Вакво признание по само четири години работа.

Од отворањето на „Титаник“ во Белфаст се продадени 338.000 разгледници и 20.000 снежни кугли со неговата фигура.

Благодарение на Музејот, но и на популарноста на серијата „Игра на тронови“, која во еден дел е снимена тука, Северна Ирска мината година ја посетиле рекордни 2,3  милиони луѓе.  

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска