Од Музејот на пениси во Исланд, до Музејот на неуспешни врски во Хрватска во светот се наоѓаат музеи со несекојдневни експонати и уметнички дела.
Бизарно, нечуено и понекогаш морничаво – ова се музеи кои секако треба да се посетат.
Музеј на пениси, Исланд
Исландскиот фалусен музеј во Рејкјавик може да се пофали со најголема колекција на фалусни примероци во светот. Посетителите можат да видат човечки машки полови органи, но и полови органи на морски и копнени цицачи.
Интернациоанален музеј на веце школки, Индија
Овој музеј во Њу Делхи ве води на возбудливо патување во историјата на канализациите. Тој е поделен во три секции, древна, средновековна и модерна и содржи експонати од првите рачно изработени веце школки, до најсовремените од Јапонија и Кина.
Музеј на вампири, Франција
Музејот се наоѓа во предградието на Париз и содржи приватна колекција на самоопрокламирани „вампиролози“. Изложените експонати опфаќаат и мрежа за фаќање вампири од 19-от век, мумифицирана мачка и наполнет самострел за борна против оие „крвопии“. Овој музеј е единствениот музеј на вампири во светот, а се верува и дека е проколнат.
Медицински музеј Сирирај, Тајланд
Во болницата Сирирај се наоѓа најстрашниот музеј во градот, исто така познат како музеј на смртта. Има најразлични експонати, мозоци по излевање на крвта, неколку нозе, раце и черепи со рани од куршуми. Во собата за патологија се изложени ембриони со генетски нарушувања, а во форензичкиот дел се наоѓаат тела на жртвите од сообраќајки, убиства, дури и мумифицирано тело на познат локален жител.
Музеј на инстант нудли, Јапонија
Тој е основан на 90-тите години на минатиот век како прв музеј, кој е посветен на храната. Музејот ја следи историјата на овој продукт,. а посетителите можат да одберат некои од многубројните вкусови и ј направат саканата порција.
Музеј на лошата уметност, САД
Прикажувајќи отфрлени, монструозни дела кои би можеле да се наречат лоши, овој музеј е освежувачка промена во секојдневието на помпезните елегантни галерии, на кои сме навикнати.
Музеј на неуспешни љубовни врски, Хрватска
Музејот содржи колекција на предмети (вклучувајќи и секира користена за кршење на мебел на партнерот кој изневерувал) од минатите врски, кои ги донирале луѓе со „скршени срца“ од целиот свет.
Музеј на каиши за кучиња, Велика Британија
Повеќе од 130 каиши покажуваат како богато е негувале аристократските кучиња. Каишите се изработени од злато, сребро и украсени со скапоцени камења.
Подводен музеј во Канкун, Мексико
Топлата, кристално чиста вода на Карипското Море претставува галериски простор за повеќе од 400 живописни скулптури. Сите скулптури се направени од неутрална глина, така што тие изгледаат како тука да се наоѓаат со векови.